24фудбал

На Алба му е подобро во Барселона без Нејмар

Бекот на Барселона сега има голем простор за игра каде може да ги демонстрира своите квалитети.

Шпанија

Говорејќи во интервју за „Мундо Депортиво“, бекот на Барселона, Жорди Алба изјави дека се чувствува подобро откако си замина Нејмар од клубот, а за тоа образложи и детали.

Нејмар е голем фудбалер, тој реши да си замине врз основа на неговите чувства или пак околности. Како и да е, има многу фудбалери кои можат да направат одлична работа во тимот и задоволен сум од составот кој го имаме во моментов“ истакна Алба.

Сега имам многу слободен простор за игра, ќе бидам искрен и ќе кажам дека за мене лично во моментов е подобро. Ја зголемив самодовербата, со повеќе простор на левата страна, имам комфор во играта и тоа го демонстрирам на теренот. Уживам како никогаш досега...“ додаде бекот на Каталонците.