24фудбал

Нејмар не сака да молчи веќе, си ја отвори душата за Кавани, Емери...

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар реши да ги прокоментира големиот број на шпекулации за неговиот престој во Париз, Бразилецот вели дека сите написи се лаги, и се чуствува повреден кога чита што се пишуваат медиумите

Франција

Нејмар изминатово лето се пресели на Паркот на Принцовите за рекордни 222 милиони евра, но авантурата во Париз не оди според планот, барам според она што се случува на терените и она што го пишуваат медимите.

Тој најпрво влезе во расправија со Единсон Кавани за тоа кој да изведува пенали, а често се пишува и дека е во лош однос со тренерот Унаи Емери и не му се допаѓа начинот на кој работи стратегот од Шпанија.

Исто така неколку различни извори пренесоа дека Нејмар не е среќен со животот во ПСЖ, па дури има и гласини за негово враќање во Барселона како и трансфер во лутиот ривал на „Каталонците“, Реал Мадрид.

По денешниот пријателски натпревар помеѓу Бразил и Јапонија, Нејмар се појави на прес конференција и реши да си ја отвори душата.

„Немам проблеми со Кавани, ниту пак со тренерот, среќен сум во Париз“ - порача напаѓачот.

„Се чуствувам повреден кога ги читам сите овие стории, па барам да престанете да пишувате“.

„Ми пречат лагите, па ако јас не ја кажам вистината, луѓето ќе веруваат во она што го читаат“.