24фудбал

Флорентино Перез не сака да си игра играчки, Реал ќе ги понуди Бејл, Крос и кеш за да го купи Нејмар

Од Шпанија пристигнуваат нови шпекулации за сензационален трансфер, наводно Флорентино Перез е подготвен на ПСЖ да му ги понуди Герет Бејл, Тони Крос и пари за да го купи Нејмар

Шпанија

Бразилецот изминатово лето за 222 милиони евра пристигна во Париз, но се почесто се говори дека неговата авантура на Паркот на Принцовите не оди според планот.

Наводно Нејмар не е среќен, па престојот во главниот град на Франција може да биде многу краток.

Реал Мадрид се посочува како следната дестинација, и медиумите од Шпанија веќе почнуваат со шпекулациите за сензационален трансфер.

Марка изминатиов викенд пренесе дека „Кралевите“ имаат 200 милиони евра за да го купат најдобриот играч, и секако тоа е Нејмар.

Дон Балон оди подалеку, вели дека Флорентино Перез не сака да се игра играчки па е подготвен на ПСЖ да му достави понуда која тешко се одбива.

Првиот човек на Реал е подготвен во Париз да ги испрати Герет Бејл и Тони Крос, и верува дека двајца играчи од светска класа како и одредена сума на пари ќе бидат доволни за да ги убеди „Светците“ да го продадат Нејмар.

„Флорентино Перез е подготвен на се и не сака да си игра играчки. Претседателот на Реал Мадрид е убеден дека ќе успее да го купи Нејмар, ако не ова лето, тогаш следното – пишува Дон Балон.

Останува да се види колку вистина има во една ваква сторија, Дон Балон не е премногу веродостоен извор.