24фудбал

Загреженост во Реал, Роналдо одбил нов договор и побарал од Перез да биде продаден

Пристигнуваат нови шпекулации за иднината на Кристијано Роналдо, наводно ЦР7 ја одбил понудата за нов договор и побарал од претседателот Флорентино Перез да биде продаден во јуни

Шпанија

Изминатово лето често се пишуваше дека Кристијано Роналдо ќе замине од Сантијаго Бернабеу. Се започна со сторијата на А Бола дека ЦР7 не е среќен во Мадрид, играчот не демантираше ништо, па со месеци се говореше за негов трансфер.

Кристијано Роналдо сепак остана во Реал, но по само два ипол месеци во новата сезона одново се вратија гласините.

Емисијата Ел Чирингито синоќа пренесе дека ЦР7 одлучил да го напушти актуелниот шампион на Шпанија и Европа во јуни.

Португалецот неодамна имал средба со Флорентино Перез и му соопштил дека сака да биде продаден, но во моментов претседателот на Реал нема планови да се раздели со првата ѕвезда на тимот.

Ел Чирингито исто така додава дека Кристијано Роналдо добил понуда за продолжување на договорот со Реал Мадрид, но го одбил предлогот.