24фудбал

У21: Австријците ја наполнија мрежата од нашиот гол уште во првото полувреме (ВИДЕО)

Полувреме на натпреварот во Скопје во рамките на квалификациите за ЕП Италија 2019.

Македонија

Голема негатива за избраниците на Благоја Милевски по првите 45 минути игра во дуелот со Австрија, каде гостите имаат водство од дури 0-3.

Нашите надежи почнаа добро, парираа, а ја имаа првата шанса преку Чешмеџиев кој биеше прецизно од далечина од слободен удар, но Гартлер имаше убава реакција и спречи мајсторија на нашиот фудбалер во 9. минута.

Австријците во продолжение ја преземаа контролата на играта, па така стигна првиот гол, дело на Јакуповиќ кој одлично се снајде во нашата половина, при една мини соло акција си создаде шанса за удар, го искористи просторот и биеше неодбранливо за водство во 12. минута.


И тука не застанаа гостите, во 25. минута Хонсак зголеми на 0-2, а резултатот од 0-3 на полувремето го постави Лаимер во 36. минута.



Три минути подоцна Елмас имаше убав обид за ублажување на водството но повторно на висина на задачата беше Гартлер кој спречи гол на нашиот репрезентативец.

Најзрелата шанса за гол во нашиот табор ја имаше Амановиќ на една минута до крајот на паузата, но истата беше неискористена.

Македонија У21: Јанков, Симовски, Чешмеџиев, Кулески, Абаз, Костадинов, Селмани, Амановиќ, Георгиев, Елмас и Исени (4-2-3-1).

Тешко дека ќе се соземат нашите надежи по оваа висока негатива во вториот дел, а несомнено е дека селекторот Благоја Милевски ќе направи некои измени во играта.