24фудбал

Адуриз ја продолжи верноста со Атлетик Билбао, ќе игра и на 38 години за клубот

Ветеранот на Атлетик Билбао, Арик Адуриз потпиша нов договор со клубот и ќе игра и во својата 38 година.

Шпанија

36 годишниот напаѓач потпиша нов, двегодишен договор и тоа со откупна клаузула во истиот во висина од цели 40 милиони евра.

Во 2012. година по трет пат го облече дресот на Атлетик Билбао каде вкупно има постигнато 156 голови во Примера.

Звучи интересно, Адуриз одигра три натпревари за Шпанија во изминатите квалификации за Мундијалот во Русија идната година, а се уште е во конкуренција за финалниот список на репрезентативци на селекторот Хулиен Лопетеги.

Освен за Атлетик Билбао, Адуриз има настапувано и за Орера, Бургос, Валјадолид, Мајорка и Валенсија.

Баскиецот со четири погодоци е прв стрелец на тимот оваа сезона откако по 11 одиграни кола во Примера, Атлетик Билбао се наоѓа во долниот дел на табелата со 11 бода, и му претстои битка за опстанок до крајот на шампионатот.

Адуриз има 13 настапи за Шпанија а притоа и два гола, има 11 настапи за натпревари на Баскија на кои има учинок од 12 погодоци.