24фудбал

Нејмар има клаузула со која може да замине од ПСЖ, еве колку треба Реал да плати за сензационален трансфер

Медиумите од Шпанија пишуваат дека Нејмар при преселбата во Париз си обезбедил клаузула со која може да замине од ПСЖ, ако некој го сака Бразилецот ќе треба да искешира 222 милиони евра

Франција

Нов ден, нови гласини за иднината на Нејмар, напаѓачот никако да излезе од фокусот на медиумите.

Неговите солзи на прес конференцијата во петокот не променија ништо, и покрај демантот на Бразилецот, медиумите од Шпанија се убедени дека тој не е среќен во ПСЖ.

Емисијата Ел Чирингито сега пренесе дека Нејмар си обезбедил клаузула со која може да замине од ПСЖ.

Доколку играчот посака да ја искористи оваа опција, неговиот следен клуб на ПСЖ ќе треба да му плати 222 милиони евра, односно истата сума со која Нејмар си ја купи слободата од Барселона.

Иако често се пишува за негово можно враќање на Камп Ноу, се чини дека Реал Мадрид е тој кој е најсериозен кандидат за потписот на Бразилецот.

Нејмар е дамнешен сон на Флорентино Перез. Претседателот на „Кралевите“ се обидуваше по секоја цена да го донесе кога тој беше дел од Сантош, па сигурно сега нема да биде исплашен од бројката од 222 милиони евра за да приреди сензационален трансфер.

Сепак вреди да се напомен дека во францускиот фудбал е забранета откупната клаузула, практика која често се применува во Шпанија, па доколку Нејмар има клаузула со која може да си замине таа веројатно е во некој приватен договор помеѓу играчот и клубот, па правниците ќе го имаа последниот збор доколку некој тропне на вратата со 222 милиони евра.