24фудбал

Со Германците нема шала, еве зошто Дортмунд го суспендираше Обамејанг

„Милонерите“ нема да сметаат на својот прв стрелец Пјер Емерик Обамејанг на дуелот со Штутгарт, напаѓачот во последен момент беше „шкртнат“ поради дисциплински причини

Германија

Борусија Дортмунд на четири натпревари во Бундеслигата не знае за победа, и од лошата серија излез ќе треба да бара без првиот стрелец, Пјер Емерик Обамејанг.

Напаѓачот беше најавен во стартниот состав за утрешниот дуел со Штутгарт, но во последен момент отпадна од списокот поради дисциплински причини.

„Милионерите“ не откриваат повеќе детали, но медиумите од Германија пишуваат дека причина за ваквиот потег е тоа што Пјер Емерик Обамејанг често доцнел на тренинзите.

На последниот тренинг тој се појавил 30 минути подоцна, па лидерите на Дортмунд решиле дека е време да превземат конкретна акција.

На социјалните мрежи се говори дека Габонецот е суспендиран поради тоа што бил во посета на Барселона и неговиот добар пријател Осман Дембеле, но според Спорт1 ова патување не е директно повразано со казната бидејќи напаѓачот имал слободни денови.