24фудбал

Расте тензијата во Борусија Дортмунд, Обамејанг: Зошто сум казнет, кога не сторив ништо погрешно...

Бундеслигашот Борусија Дортмунд го суспендираше својот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг поради наводни „дисциплински причини“, соопштија од клубот.

Германија

Обамејанг нема да биде во составот на тимот од Дортмунд за мечот против Штутгарт во германскиот шампионат, а конкретната причина за сево ова не се соопштува.

Ова е втор пат германскиот клуб да му врачи суспензија на Обамејанг, откако минатата сезона исто поради дисциплински причини беше отстранет од тимот, кога не се појави на тренинг, туку отпатува во Италија.

Сево ова не го разбирам, не ми е јасно зошто сум казнет кога не сторив ништо погрешно. Минатата година бев казнет бидејќи отидов во Милано, овојпат не станува збор за такво нешто, казнет сум а никој не ми ја наведува вистинската причина“ изјави Габонецот.

Се шпекулира дека „судирот“ со шефот на стручниот штаб на Милионерите, Питер Бош е една од причините која се наведува во германските медиуми, другата причина која се споменува е наводно дека тој отпатувал во Барселона кај својот поранешен соиграч од тимот Дембеле, кој има статус „непријател“ во редовите на Борусија Дортмунд, по сите тие збиднувања околу него изминатото лето.