24фудбал

Соседите го избркаа Нејмер, Бразилецот си бара нов дом

Медиумите од Франција пишуваат дека Нејмар по само три месеци се сели од малто градче Буживал, проблемите со соседите го принудуваат Бразилецот да си бара нов дом

Франција

По рекордниот трансфер од Барселона вреден 222 милиони евра, Нејмар заедно со семејството и пријателите се смести во луксузна вила во малото градче Буживал, кое е одалечено 15 километри од центарот на Париз.

Но според денешното издание на Ла Паризиен, напаѓачот е во потрага на нов дом поради безбедносни причини.

Весникот пишува дека соседите го избркале Нејмар откако ниту ѕидот околу куќата висок околу 170 цм не ги спречил љубопитните жители на Буживал.

Често се случувало некој да го прескокне ѕидот за да се обиде да се слика со Бразилецот или пак да стигне до негов автограм.

Дури и пожарникарите намерно во неколку наврати интервенирале во соседна куќа за да ѕирнат што се случува во вилата на Нејмар.

Па првата ѕвезда на „Светците“ сега бара подискретно место за живеење.