24фудбал

ПСЖ ќе треба да плати рекордно обесштетување ако го сака Мурињо

„Светците“ ќе мора да соборат уште еден рекорд доколку сакаат Жозе Мурињо да седне на жешкото столче на „Паркот на Принцовите“, медиумите од „Островото“ пишуваат дека ПСЖ на Манчестер јунатед ќе треба да му плати помеѓу 20 и 30 милиони фунти

Франција

Во последно време се почесто се говори дека ПСЖ е во контакт со „Специјалниот“ и се обидува да го убеди Португалецот да се пресели во Париз.

Ваквите гласини ги подгреа самиот Жозе Мурињо кој сугерираше дека е привлечен од идејата да го превзеде кормилото на „Светците“, но Манчестер јунајтед нема лесно да се откаже од стратегот.

Медиумите од „Островото“ пренесуваат дека „Црвените ѓаволи“ ќе го натераат ПСЖ да плати рекордно обесштетување за еден менаџер.

Имено, Жозе Мурињо е под договор со најтрофејниот клуб од Англија до 2019, а Манчестер јунајтед има и опција да ја продолжи соработката за уште 12 додатни месеци.

Па ако ПСЖ не отстапи, „Црвените ѓаволи“ ќе ја активира оваа клаузула и ќе бара од „Светците“ да ја покријат платата за последните две години од договорот на Португалецот.

Според различни весници, оваа сума е различна. Дејли Мејл вели дека бројката е 20 милиони фунти, Сан пишува деака е 24 милиони фунти, а Дејли Мирор пак ја споменува бројката од 30 милиони фунти.