24фудбал

Икарди го однесе Интер на второто место (ВИДЕО)

Интер ја оправда улогата на фаворит во дуелот со Атланта, благодарение на два гола на Мауро Икарди победи со 2-0 и се искачи на второто место на табелата во Серија А.

Италија

Икарди е херојот на Интер, напаѓачот имаше уште една маестрална партија со која неговиот тим дојде до нови три бода.

Интер го искористи поразот на Јувентус за со оваа победа да дојде до второто место на табелата.

Резултатот беше отворен во 51. минута кога по центаршут на Кандрева, Икарди погоди со глава за водство на Интер од 1-0.

Девет минути подоцна нов гол со глава на Икради, овој пат во улога на асистент беше Д'Амброзио.

Интер сега има два бода повеќе од Јувентус и исто толку помалку од Наполи кој е лидер во Серија А.