24фудбал

Белгиец ќе му суди на Вардар во Санкт Петерзбург

УЕФА номинираше за средбата во Русија.

Македонија

Македонскиот првак Вардар овој четврток гостува кај Зенит во рамките на петтото, претпоследно коло од групата „Л“ во Лига Европа.

Според тоа што го гледаме на официјалниот сајт на УЕФА, Европската куќа на фудбалот го номинираше белгискиот арбитар Барт Вертентен за главен делител на правдата на мечот кој ќе се одигра во Санкт Петерзбург, а ќе му помагаат негови сонародници.


Станува збор за млад, 29 годишен делител на правдата кој нема судено некои позначајни натпревари, оваа сезона судеше на меч во групите од Лига Европа помеѓу Динамо Киев и Скендербег, а како еден од позначајните можеме да го споменеме и мечот помеѓу Молдавија и Австрија во квалификациите за СП Русија 2018.

Во првата пресметка помеѓу овие две екипи, во Скопје нашиот претставник загуби убедливо со 0-5, а гостувањето во четврток е убава можност за поправање на досегашниот впечаток а воедно и учинок од максимални четири порази во групата.

 

Извор: uefa.com

Фото-вест: 24фудбал (архива, Вардар - Зенит)