24фудбал

Гризман се огласи по шпекулациите дека се договорил со Барселона

Антоан Гризман говореше за својата иднина откако минатата недела се појавија гласини дека тој начелно се договорил со Барселона за трансфер на Камп Ноу

Шпанија

Французинот минатото лето често се поврзуваше со Манчестер јунајтед, но откако беше потврдена забраната за трансфери на Атлетико, тој не сакаше да го остави клубот на цедило и реши да остане во Мадрид.

Но по само неколку месеци од новата сезона, неговото име одново се поврзува со трансфер. Минатата недела се појавија неколку извештаи кои велеа дека Антоан Гризман начелно се договорил со Барселона.

Во разговор со Телефут, напаѓачот сега ги прокоментира ваквите гласини.

„Не планирам да заминам во јануари. Ќе пристигнат Диего Коста и Витоло, ќе бидеме посилини и ќе се бориме за подобри резултати“ - вели Антоан Гризман.

„Не сум разговарал со претседателот за заминување од Атлетико“.

Антоан Гризман поминува низ голема голгетерска криза, па беше запрашан дали од сегашна перспектива жали што не ја променил средината.

„Не жалам што останав во Атлетико. Тоа беше мој избор и среќен сум со него без разлика што немам постигнато гол на седум натпревари во низа (осум ако се земе и дербито со Реал)“.

Околу гласините за трансферот во Манчестер јунајтед, тој додава: „Не се изразив убаво... исто како пред некој ден кога ме прашаа, „Дали сакаш да играш покрај Мбапе и Нејмар?“ Одговорив ДА, но тоа не значи дека сакам да се преслам во ПСЖ“.