24фудбал

На Агим Ибраими не му се чека, Домжале со реакција: Нашиот игра брзо, понекогаш и пребрзо... (ВИДЕО)

Интересен детал од мечот на Домжале во кој еден во главната улога беше токму нашиот интернационалец.

Македонија

Агим Ибраими конечно ги надмина компликациите околу регистрацијата во Домжале, врза два настапи за словенечкиот прволигаш а нему конечно му тргна, бележејќи учинок од четири победи и еден пораз во петте последни натпревари од шампионатот на Словенија.

Ибраими заедно со Зени Хусмани го одиграа целиот меч за Домжале во минималниот триумф на домашен терен над Кршко со 1-0, а токму Ибраими се најде во една мошне интересна ситуација од овој меч за која пренесоа повеќето медиуми во Словенија.

Очигледно е дека нашиот Ибраими е и повеќе од расположен за игра, па не е важно дали неговиот тим е во водство, важно е да се искористи секоја ситуација да се нападне противникот по брза „постапка“...

Нашиот тим игра брза игра. Понекогаш пребрза...“ беше дел од коментарот на официјалниот твитер профил на клубот.