24фудбал

Ото Бариќ: Адеми ја заслужува капитенската лента на Динамо, тој е лидер, вистински борец, но...

Поранешниот селектор на Хрватска со свое видување на ситуацијата во која се најде нашиот репрезентативец.

Македонија

Капитентската лента во хрватскиот вицепрвак Динамо Загреб разви голема дискусија низ тамошните медиуми, во центарот на вниманието се најде нашиот репрезентативец Аријан Адеми, кој се чини дека е ставен во мошне незгодна ситуација.

Нова глупост на Цвитановиќ: Само во Динамо не се знае кој е капитен, а ниту Адеми не му е јасно што се случигласеше вчерашниот наслов на хрватското издание на специјализираниот фудбалски портал „Гол“.

Нема никакви дилеми околу тоа дека Адеми ја заслужува капитенската лента во Динамо Загреб, но одредени медиуми во Хрватска сметаат дека не е коректно кон Домагој Антолиќ кој важи за еден од лидерите во тимот, и додаваат дека не е коректно за него одеднаш да ја загуби капитенската лента.

Поранешниот селектор на Хрватска, Ото Бариќ вели дека тоа што Адеми бил пред Антолиќ за капитентската лента не е лош потег на тимот, истото го правел и тој за време на периодот кога ја предводел Хрватска, сепак додава дека и Антолиќ има некоја заслуга по ова прашање.

Дефинитивно ја заслужува капитенската лента, тој е лидер, вистински борец, на соиграчите може да им го покаже вистинскиот пат, но и Антолиќ е вистински клупски играч“ вели Бариќ.


Останува дилемата како стратегот од клупата на тимот од Загреб, Марио Цвитановиќ ќе ја реши оваа ситуација во моментите кога Адеми и Антолиќ заедно се најдат на теренот во следниот меч.

 

Извор: 24sata.hr