24фудбал

Ѕампарини откри дали ќе го жртвува Несторовски во јануари за да покрива долгови

Првиот човек на Палермо, Маурицио Ѕампарини ја прокоментира постапката за банкрот која ја отвори државното обвинителство и откри дали ќе го жртвува Илија Несторовски во зимскиот преоден рок

Македонија

Медиумите од Италија подолго време говореа дека финансиска полиција го „чешла“ клубот од Сицилија и истрагата кулминираше минатата недела кога јавното обвинителство поднесе постапка за банкрот.

Фановите на Палермо се загрижени но газда Маурицио Ѕампарини вели дека поседува документи со кои се надева дека уште на првото рочиште на 7. декември ќе покаже дека постапката е без основа.

„Верувам дека барањето за банкрот ќе биде отфрлено веќе во декември“ – вели сопственикот на Палермо во разговор со Газета дело Спорт.

Но доколку не оди според неговиот план, клубот веројтно ќе мора да ги жртвува најдобрите играчи, а секако прв на листата е Илија Несторовски.

„Се надевам дека нема да треба да го продадам Несторовски и останатите ѕвезди во тимот. Планот е да донесеме четири засилувања, или поточно двајца напаѓачи и по еден играч од средниот ред и одбраната“.

Маурицио Ѕампарини исто така се надева дека до крајот на годината ќе пронајде нов инвеститор кој ќе донесе свежи пари, преговорите со бизнисменот од САД, кој има италијанско потекло, Франк Кашо се во завршни преговори.

„Постапката за банкрот ни прави голема штета на имиџот, но се е во ред со Кашо. Мислам дека до Божиќ ќе ја комплетираме зделката“.