24фудбал

Јаховиќ има три богати понуди од Кина, македонскиот бомбардер со инструкции до својот менаџер

Дел од медиумите во Турција пишуваат дека интересот за македонскиот напаѓач од редовите на турскиот суперлигаш Гезтепе, Адис Јаховиќ, се зголемува.

Македонија

Останува отворено прашањето каков ќе биде исходот од преговорите помеѓу клубот и нашиот интернационалец ако се земе во предвид дека неговиот актуелен важечки договор истекува идното лето. Турските медиуми неодамна објавија дека Јаховиќ на маса има понуда од Гезтепе за двојно повисока годишна плата во износ од околу 750 илјади евра.

Три клубови од Кина се заинтересирани за услугите на нашиот напаѓач, и тоа новите прволигаши Далиан Јифанг и Пекинг Рехне, како и Лиоанинг, екипа која неодамна испадна од елитниот шампионат на Кина. Овие клубови очигледно дека нема да се штедат во обидите да се засилат со Јаховиќ, па наводно тој има понуда вредна 1,5 милиони евра по сезона.


SportMynet пишува дека нашиот фудбалер му дал инструкции на својот менаџер кој во периодот кој претстои треба да има разговори со челните лица на Гезтепе, дека „приоритет му е клубот од Измир“.

Јаховиќ со 11 настапи и исто толку погодоци е на врвот на листата на стрелците во турската Суперлига заедно со Бафетимби Гомис од Галатасарај.

 

Извор: spor.mynet.com