24фудбал

Македонија скокна за девет места на новата ранг листа на ФИФА

Победата над Норвешка ја лансираше Македонија на 76 место на најновата ФИФА ранг листа, добрите игри и победи носат напредок.

Македонија

Во финишот од квалификациите Македонија ја подобри формата која се префрли и на пријателскиот меч со Норвешка. Победите носат и напредок на ФИФА ранг листата, па на најновата со скок од девет позиции сега сме на 76. место.

Пред нас се уште има земји како Мали, Обединети Арапски Емирати, Уганда, Замбија... но напредокот е очигледен.

На врвот и понатаму е Германија, меѓу најдобрите десет се и Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле.