24фудбал

Полувреме: Зенит со водство, Вардар нешто подобар во однос на претходните натпревари, Гачевски одбрани пенал (ФОТО + ВИДЕО)

Полувреме на средбата во Санкт Петербург на арената „Крестовски“.

Македонија

Вардар има негатива од 2-0 на полувремето од гостувањето кај Зенит во Санкт Петербург во рамките на петтото, претпоследно коло во групата „Л“ од Лига Европа.

Нашиот претставник парира во првите 45 минути игра а тоа го потврдува и статистиката каде домаќините имаат доминација само во поседот на топката.

Пет удари упатија избраниците на Чеде Јаневски кон голот на Зенит а само два од нив беа во рамките на голот. Речиси истата статистика ја имаат и домаќините.


Зенит прв дојде до водство со голот на Полоз во 16. минута откако вардаровата одбрана обезбеди голем простор за игра на домашните фудбалери па најумешен во таа ситуација беше Полоз кој прими одлична топка од Дзјуба.


Зенит можеше и да го дуплира водството откако Новак направи прекршок за најстрога казна во 27. минута над Дзјуба.

Фудбалерот на домаќините се реши да го шутира ударот од белата точка и да му пркоси на непишаното фудбалско правило кое вели дека тој врз кој е направен прекршокот за пенал не треба да го изведува пеналот, па на крајот се прослави вардаровиот голман Гачевски кој имаше одлична реакција во оваа ситуација.


Ригони создаваше многу проблеми за вардаровата одбрана, а Аргентинецот успеа на две минути пред крајот на првото полувреме да го зголеми водството на рускиот тим по една грешка на бекот на црвено-црните, Демири.


Вардар се чини дека се ослободи од притисокот, влезе одлично во вечерашниот меч без респект кон противникот кој и покрај тоа што не игра со најсилниот состав е голем залак за нашиот првак.

Вардар: Гачевски, Демири, Новак, Грнчаров, Хамбарѕумјан, Марковиќ, Николов, Фелипе, Џигаури, Барсегјан и Итало.

Мечот во Санкт Петербург го суди белгискиот арбитар Барт Вертентен.

 

Фото: fc-zenit.ru