24фудбал

Јаневски: Одбранетиот пенал ни даде позитивна енергија, одлуката за најстрога казна беше сомнителна

Стратегот од клупата на македонскиот првак задоволен од изданието на своите фудбалери.

Македонија

Вардар со пораз од 2-1 се враќа од гостувањето кај Зенит во Санкт Петербург во петтото, претпоследно коло во групата „Л“ од Лига Европа. По високиот и убедлив пораз од 0-5 во Скопје од рускиот гигант, се чини дека црвено-црните конечно покажаа заби и беа рамноправни против големиот фаворит.

Стратегот од клупата на македонскиот првак, Чеде Јаневски го сумираше впечатокот од мечот.

Ова беше убав и добар натпревар, од двете страни, имаше два тима кои сакаа да го добијат овој натпревар. Како што претходно кажав во пресрет на мечот, ние за да направиме добар резултат мораме да бидеме добро организирани и да не правиме многу грешки“ рече Јаневски на пресконференцијата по мечот.

Пеналот кој за среќа на нашиот претставник беше одбранет од страна на Филип Гачевски е сомнителен, смета Јаневски, а одбраната на вардаровиот голман придонело за позитивна енергија во продолжението кај црвено-црните, смета тој.

Нормално беше Зенит пред својата публика да нападне во првите 15 минути, ние во таа фаза најмногу се плашиме да не примиме гол рано како во Скопје. Мислам дека тој гол не беше многу тешко да се одбрани, моравме подобро да реагираме.По пеналот, за мене многу сомнителен, благодарение на нашиот голман, тој беше клучен момент да веруваме до крајот дека можеме да направиме нешто повеќе од пораз“ додаде тој.

По одбранетиот пенал нашиот тим како да доби позитивна енергија, потоа одигравме нормално во нашите можности, создававме некои полушанси но не ги искористивме и примивме уште еден гол. На крајот дадовме убав гол, го поправивме впечатокот, имавме убаво издание, покажавме дека мечот во Скопје беше само лош ден“ заврши Јаневски во своето обраќање по мечот.

Вардар својата шанса по први бодови ќе ја бара на последниот меч во групната фаза каде на 7 декември во Скопје на домашен терен го пречекува норвешки Розенборг откако на гостински терен кај истиот ривал загуби со 3-1 и го постигна првиот гол во дебитантската сезона од Лига Европа.