24фудбал

Гачевски му создаде проблеми: Новинарите го сардисаа Дзјуба за промашениот пенал, овој зема пита и си замина (ВИДЕО)

Ѕвездата на рускиот гигант Зенит ќе го памети вардаровиот голман.

Лига Европа

Филип Гачевски одлично му одбрани пенал на Артем Дзјуба на мечот против Зенит во Санкт Петербург, каде Вардарци загубија со 2-1, но прикажаа одлична игра во дуелот со големиот фаворит.

Бележиме интересен детал од прес центарот по крајот на мечот, руските новинари бараа одговори од Дзјуба, а тој ги избегна, само ја зема питата која му беше понудена и си замина...