24фудбал

Празник за фудбалот во Струмица, спектаклот ќе го „зачинат“ Комитите

За дуелот помеѓу Академија Пандев и Вардар се очекуваат полни трибини на стадионот „Младост“ во Струмица.

Македонија

Викендов се игра 17 коло од Првата македонска фудбалска лига, а дебитантот во најсилниот фудбалски шампионат во нашата земја, Академија Пандев објави одлична вест на својот официјален клупски сајт за мечот против бранителот на титулата Вардар кој е заостанат и е во рамките на 8 коло..

Празник на фудбалот во Струмица: Академија Пандев ја отвора и северната трибина, доаѓаат и Комити“ пишува во насловот.

Спектаклот ќе го комплетираат гостинските навивачи. Вардар најави присуство на Комити на овој натпревар, а тие ќе бидат сместени на западната трибина која е зад еден од головите“ додаваат од таму.

Мечот се игра во недела со почеток од 13 часот, се очекуваат полни трибини на „Младост“ кој пред извесен период блесна во нов сјај со две нови трибини зад головите.

 

Извор/Фото-вест: fkakademijapandev.mk