24фудбал

Блажевски: Ќе бев уште посреќен ако мојот гол донесеше барем бод

Офанзивецот на Вардар е среќен поради голот против Зенит, но вели бод ќе го направело уште пресреќен.

Македонија

Вардар со пораз од 2-1 се врати на гостувањето кај Зенит во Санкт Петербург во петтото, претпоследно коло во групата „Л“ од Лига Европа.

Стрелецот на голот за ублажување на поразот во самиот финиш, Дејан Блажевски упати неодбранлива бомба со волеј а тој вели дека е среќен поради неговиот погодок, но додава дека освоен бод на ова гостување ќе го направеше уште посреќен.

Нормално дека сум среќен за голот, а ќе бев уште посреќен мојот гол да донесеше барем бод. За жал тој погодок дојде доцна во финишот на натпреварот, и тој гол на некој начин беше награда за нашата добра игра во второто полувреме. Во секој случај сметам дека не се посрамотивме, дека се прикажавме во добро светло и достојно го презентиравме клубот на овој натпревар“ вели Блажевски.


Останува само против Розенборг да дадеме се од себе да дојдеме до првите бодови во групата, а ќе беше убаво доколку и синоќа успеевме да освоиме барем еден бод. Што е тука е, одиме понатаму, се фокусираме кон натпреварот со Академија Пандев додаде популарниот „Шиле“.

 

Извор/Фото-вест: fkvardar.mk