24фудбал

Кутињо пикираше петмина најдобри со кои играл во иста екипа (ФОТО)

Филипе Кутињо го избра тимот составен од петмина фудбалери, најдобрите со кои некогаш играл заедно во иста екипа на терените.

Англија

Бразилецот во неговиот избор не вметна ниту еден фудбалер од сегашните на Ливерпул, интересно, еден од најомилените му е Луис Суарез, кој од Ливерпул направи трансфер во Барселона.

За легендата на Ливерпул, Џерард, Кутињо го кажа следново: Кога пристигнав овде, тоа беше исто како во соништата, да играм заедно со фудбалер кого го гледав во Бразил и со кого сум играл на ПлејСтејшн“.


Во неговиот потесен избор се најдоа голманот Жулио Цезар, дефанзивецот Лусио, играчот од средниот ред Џерард, како и напаѓачите Нејмар и Суарез.