24фудбал

Суперталентот на Хамбургер кој не може да игра по 20 часот, па клубот „фаќаше врски“

Хамбургер во своите редови има суперталент, се работи за напаѓачот Јан Фите Арп кој има само 17 години и според законот во Германија тој не може да настапува по 20 часот, па клубот бараше специјална дозвола

Германија

17 годишниот вундеркид стана првиот играч од овој милениум кој заиграл во Бундеслигата, како и првиот играч од новиот милениум кој постигнал гол во најсилното првенство на Германија.

Тој сега одново е во центарот на вниманието откако Хамбургер „фаќаше врски“ за Јан Фите Арп во петок да игра против Фрајбург.

Имено, законот во Германија не дозволува лица под 18 години да работат по 20 часот.

Средбата со Фрајбург започнува во 20:30, па Хамбурерг побара специјална дозвола за Јан Фите Арп.

Имено законот дозволува исклучок за музички перформанси, перформанси во театар и други преформанси.

Јан Фите Арп спаѓа под категоријата „други перформанси“. Ваква специјална дозвола во минатото бараше и Шалке за Јулијан Дракслер.