24фудбал

Само три можни противници за Челси во осминафиналето, од кои два нема да им се допаднат на фановите

„Сините“ вчера не успеаја да го победат Атлетико па завршија втори во групата зад Рома и тоа им создава големи проблеми на ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите

Лига на Шампиони

Шампионот на Англија се стави во тешка ситуација откако одигра само 1-1 против Атлетико Мадрид на Стемфорд Бриџ. Избраниците на Антонио Конте имаа голем број на шанси но не успеаја да стигнат до победата.

Па ваквиот развој на настаните им создава големи проблеми на ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите.

Под услов Ливерпул да победи вечерва и да го осигура првото место, Челси ќе има само три можни противници за првата рунда од нок-аут фазата, од кои два нема да им се допаднат на фановите.

„Сините“ во осминафиналето ќе се сретнат со некого од ПСЖ, Барселона и Бешикташ. По крајот на средбата со Атлетико, и Конте и Азар истакнаа дека не се плашат од никого, но на сите им е јасно дека гигантите сакаат да се избегнат во раната фаза од нок-аутот.

„Кога одите во нок-аут фазата, морате да бидете подготвени да им спротивставите на најдобрите тимови – влеи Конте. „Ако саката да се борите за титулата, морате да играта против најдобрите.

„Исто така мислам дека нашите противници нема да бидат среќни што ќе играат против нас, па ќе видиме што ќе се случи.

„На Европското првенство во 2016 со Италија завршивме на првото место во групата и потоа игравме со Шпанија, па со Германија, и доколку ја победевме Германија, ќе се сретневме со Франција. Па понекогаш и не е толку важно да бидете први.

„Ние сме Челси па не е проблем тоа со кого ќе играме – додава Еден Азар. „Знаеме дека ПСЖ и Барселона се многу добри, но и ние сме топ тим. Можеме да го победиме секого.