24фудбал

Надежите до 19 години ги добија противниците во елитните квалификации за ЕП

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ги дозна противниците за елитните квалификации за пласман на Европското првенство.

Македонија

Македонија беше носител на ждрепката поради одличниот настап на претквалификациите каде беше пред Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн.

Надежите добија тешка група, протвници им се Англија, Унгарија и Летонија.

Само првопласираните репрезентации од седумте групи обезбедуваат пласман на Европското првенство 2019 кое ќе се одржи во Финска.

Селекторот Вујадин Станојковиќ е задоволен од ждрепката и смета дека Македонија може да се бори за првото место.

„Задоволен сум од исходот на извлекувањето во Нион, мислам дека имаме голема шанса за нов, историски резултат. Групата  е силна, но можеме да се надигруваме со сите, впрочем, тоа го потврдивме со пласманот во Елитната фаза и трите победи против Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн. Мислам дека и нашата публика ќе има можност да ужива во натпреварите, ќе играме на домашен терен, за тоа се изборивме и мораме да бидеме задоволни, изјави Вујадин Станојковиќ