Категорија: Лига на Шампиони 06.12.2017 23:00
Монако има сезона во Лигата на шампионите која треба брзо да ја заборави, францускиот тим со пораз од 5-2 ја заврши овосезонската авантура а еден од стрелците на мечот беше и Колумбиецот Радамел Фалкао.
Фалкао погоди против својот поранешен клуб, голот не го прослави туку се извини до домашните навивачи, овие веднаш станаа и со аплауз и овации го поздравија нивниот поранешен миленик кој во Порто одигра две сезони а постигна 41 гол на 51 натпревар.