24фудбал

Нека биде победа за крај: Почетниот состав на Вардар за мечот против Розенборг (ФОТО)

Македонскиот првак атакува на први бодови во дебитантската сезона од Лига Европа.

Македонија

Вардар вечерва (21,05) на домашен терен го пречекува Розенборг во последното, шесто коло од групата „Л“ во Лига Европа.

Стратегот од клупата на Вардар, Чеде Јаневски веќе пикираше во однос на почетниот состав, ќе настапи во стандардната формациска поставеност од 4-2-3-1. Во нападот осамен ќе биде Итало, веднаш зад него како и вообичаено ќе настапи Фелипе а странично ќе напаѓаат Блажевски и Барсегјан.


Вардар: Гачевски, Муслиу, Грнчаров, Блажевски, Николов, Барсегјан, Глигоров, Новак, Демири, Итало и Фелипе.

Во таборот на црвено-црните нема повредени фудбалери, но има суспендирани, и тоа десниот бек, Ерменецот Хофханес Хамбарѕумјан а неговото место на таа позиција ќе го заземе Висар Муслиу.

ЕВЕ КОЛКУ ВАРДАР ЌЕ ЗАРАБОТИ НА РЕМИ ВЕЧЕРВА, А КОЛКУ НА ПОБЕДА

На првиот меч помеѓу овие две екипи нашиот претставник го постигна првиот гол, дебитантски во Лига Европа, а загуби со 3-1.

Мечот на „Филип Втори“ арената во Скопје кој стартува со почеток од 21,05 часот ќе го суди украинскиот арбитар Серхи Боико.


Извор: uefa.com