24фудбал

Малиот Јане ги поздрави фудбалерите на Вардар и Розенборг

Големиот љубител на фудбалот имаше голема чест пред стартот на вечерашната пресметка.

Македонија

Вардар на домашен терен против Розенборг вечерва ја финишира дебитантската сезона од Лига Европа, а пред самиот старт на мечот голема чест да се подружи со актерите на теренот имаше и Јане, кој во последниов период е доста популарен на само во нашата земја, туку и вон неа.

Инаку, малиот Јане Велковски е детето кое имаше неверојатна видео сторија која допре и до големата ѕвезда на Манчестер јунајтед, Пол Погба, кој на социјалните мрежи го покани да се дружат на натпревар од Лигата на шампионите, каде тој ќе го пречека.