24фудбал

Вардар ремизираше против Розенборг, а одигра за победа, и статистиката го потврдува тоа! (ФОТО)

Македонскиот шампион достојно се прости од настапите во дебитантската сезона во Лига Европа.

Македонија

Вардар одигра реми со резултат 1-1 против Розенборг на домашен терен во последното, шесто коло од групата „Л“ во Лига Европа, го заврши своето учество во ова натпреварување со пет порази и едно реми.

Израмнувачкиот гол дојде при една голема грешка на нашиот претставник, но дека тој заслужи победа вечерва, доволно говори и статистиката од мечот...

16 удари кон противничкиот табор имаше нашиот претставник од кои 5 беа во рамките на голот, кај гостите овој учинок беше скромен, 11 удари а 3 прецизни.

Минимална разлика во однос на поседот на топката кој со 51% беше во корист на Вардарци кои имаа и доминација во пасовите.