24фудбал

Роналдо: Јас сум најдобриот фудбалер на сите времиња, не гледам дека некој е подобар од мене

Португалецот се пофали на своја сметка дека е најдобар на сите времиња.

Шпанија

Фудбалерот на мадридски Реал, Кристиано Роналдо вели дека е најдобриот фудбалер во историјата на фудбалот, не гледа дека некој направил тоа што тој го сторил во неговата кариера досега.

Јас сум најдобриот играч во историјата на фудбалот. Не гледам дека некој е подобар од мене, никој не успеал да постигне толку колку јас тоа што го сторив, го направив тоа што другите не можат“ изјави Роналдо за „Франс фудбал“ по освојувањето на Златната топка.

Португалецот вчера ја освои петтата Златна топка во својата кариера, со тоа се израмни со Лионел Меси во оваа конкуренција.