24фудбал

Зидан: Роналдо е многу подобар фудбалер отколку што бев јас

Францускиот фудбалски стратег одговори на незгодното прашње.

Шпанија

Зинедин Зидан, шефот на стручниот штаб на Реал Мадрид имаше одлична кариера, но мораше да одговори на исклучително незгодно прашање за тоа кој е подобар, тој или пак Кристиано Роналдо.

Роналдо е најдобриот фудбалер на сите времиња, тоа што го може тој, не го може никој. Кристиано или Зидан? Јас сум подобар... Се шегувам, Роналдо е многу подобар отколку што бев јас“ рече Зидан.

Учинокот на Роналдо е огромен, неговата работа е феноменална. Некои фудбалери би можеле во некој клуб да останат и 20 години, но никогаш не би го постигнале тоа што тој го направи досега. Роналдо е дел од историјата на Реал Мадрид, го гледам во клубот засекогаш“ додаде Французинот.