24фудбал

Роналдо удри по фановите на Реал: Не ми се допаѓа амнезијата на навивачите на Бернабеу

Кристијано Роналдо упати замерки до фановите на Реал Мадрид, ЦР7 се пожали на свирежите и вели дека публиката на Сантијаго Бернабеу има амнезија

Шпанија

Фановите на Реал Мадрид имаат високи стандарди, секогаш кога не оди според планот долу на теренот, се слушаат свирежи од трините. Навивачите не поштедуваат никого, во минатото и самиот Зинедин Зидан добивал свирежи, а истото сега му се случува и на првиот играч, Кристијано Роналдо.

Во разговор со Франс Фудбал, Португалецот призна дека не му се допаѓа ова, и повика фановите свирежите да ги заменат со поддршка кога им е тешко на играчите.

„Не ми се допаѓа амнезијата која ја имаат фановите“ - вели ЦР7, кој оваа недела се закити со „Златната Топка“ број 5.

„Фудбалот е составен од циклуси, кога работите не се одвиаат според планот, фановите треба да ни помогнат. Освоивме три титули од Лигата на шампионите во четири години, ова воопшто не е лесно. Некогаш работите едностабвно не одат добро, наместо мрежата ќе ја погодиме стативата, или пак противничкиот голман ќе има свој ден. Барам луѓето да имаат поголема доверба“.