24фудбал

И Наполи да не биде покус, само 0-0 на Сан Паоло против Фиорентина (ВИДЕО)

„Наполитанците“ не ги искористија киксовите на ривалите за врвот на табелата, попладнево и тие одиграа само 0-0 во дуелот со Фиорентина

Италија

Дербито на Италија помеѓу Јувентус и Интер вчера заврши без голови, а погодоци немаше ниту на првиот денешен натпревар помеѓу Киево и Рома.

Наполи попдланево можеше да ги искористи овие резултати за да се врати на врвот на табелата, но наместо победа, и избраниците на Сари се надоврзаа на лошата голгетерска форма на ривалите.

„Наполитанците“ на Сан Паоло против Фиоретина одиграа само 0-0.

„Виолетовите“ имаа неколку добри шанси во првиот дел, Наполи имаше свои прилики во вторите 45 минути, но мрежите мируваа до последниот свиреж на судијата.

На останатите два натпревари од 15 часот, Удинезе со 2-0 славеше над Беневенто, а СПАЛ и Верона одиграа 2-2