24фудбал

Тепачка меѓу Јунајтед и Сити по мечот, Мурињо погоден со шише, на Артета му ја пукнале аркадата

По крајот на натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Манчестер Сити се случил голем инцидент во подтрибинскиот простор на Олд Трафорд, физичка пресметка меѓу двата тима во која имало и крв.

Англија

Манчестер јунајтед загуби на свој терен од градскиот ривал Сити кој направи предност од 11 бодови и се чини дека веќе може да ја слави титулата во Премиерлигата.

Мурињо не ги прифаќа најдобро поразите, така било и синоќа. Фудбалерите на Манчестер Сити гласно славеле во соблекувалната, на Португалецот тоа не му се допаднало па влегол да им укаже да го поднамалат тонот, и тогаш започнало се.

Најпрво Мурињо и голманот на Сити, Едерсон влегле во вербален дуел на португалски јазик. По што и фудбалери на Јунајтед пристигнале со цел да му дадат поддршка на Жозе.

Сведоци на инцидентот велат дека брзо настанала тепачка, летале тупаници помеѓу двата таботи, Мурињо добил пластично шише во главата, а Артета исекотина на левата аркада по што почнал да крвари.

Околу 20 учесници биле инволвирани во инцидентот. Се уште нема информации дали дел од нив ќе добијат и казни.