24фудбал

Навивачите на Манчестер Сити измислија песна за тактиката на Мурињо: Паркирај го автобусот... (ВИДЕО)

Манчестер Сити со победа се врати од гостувањето кај својот голем ривал и продолжи со одличниот скор во Премиерлигата.

Англија

Манчестер Сити славеше на гостувањето кај Манчестер јунајтед со 1-2, а тимот на Жозе Мурињо беше победен во секој сегмент од играта.

Португалскиот стратег не успеа да го паркира автобусот пред својот гол за да се одбрани пред налетите на тимот на Гвардиола, па така, фановите на Манчестер Сити му измислија нова песна која ја отпеаа на „Олд Трафорд“ по големата победа.

Паркирај го автобусот Манчестер јунајтед... Играјте фудбал во стилот на Мурињо“ се дел од нивните пораки.