24фудбал

Орие тешко дека некогаш ќе го заборави дебитантскиот гол во дресот на Тотенхем... (ВИДЕО)

Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска под прекршок успеа да погоди на фантастичен начин.

Англија

Тотенхем обезбеди победа над Брајтон на домашен терен со 2-0, а головите ги постигнаа Орие и Сон.

Серж Орие веројатно долго ќе се сеќава на неговиот дебитантски гол во дресот на Премиерлигашот од Лондон, иако помошникот судија се размавта со знамето сигнализирајќи прекршок, што и се случи воедно.

Сепак главниот арбитар на мечот имаше одлично чувство во овие моменти и дозволи играта да продолжи, а топката по обидот на Орие заврши во голот на гостите.