24фудбал

Замислете што ќе се случеше ако не погодеше од пенал...

Неверојатна слика ни пристигнува од локален натпревар во Бразил, и тоа во Рио.

Останато

Стотина гледачи собрани околу голот и лица забележани со оружје во своите раце, ова е сликата која доаѓа од натпревар во Бразил, каде домашниот тим доби прилика да изведе пенал, а сите го исчекуваа моментот за голема прослава.

Тоа и се случи, фудбалерот на домаќините погоди, а гостинскиот голман тешко дека имаше желба да го одбрани ударот од белата точка, а како и би имал такви аспирации во една ваква ситуација...