24фудбал

Копа Судамерикана: Титулата за Индепендиенте, нереди низ улиците во Рио (ВИДЕО)

Аргентинците прославија титула на реваншот во Рио кој се одигра на арената „Маракана“.

Останато

Индепендиенте извлече реми на гостувањето кај Гремио и одигра 1-1, откако на домашен терен славеше со 2-1 во финалето од Копа Судамерикана.

Сепак, натпреварот на Маракана во Рио го одбележаа инцидентите, повеќе од стотина навивачи на бразилскиот клуб ги нападнаа гостинските фанови низ улиците, а полицијата мораше да реагира со солзавец.

Уапсени се повеќе од 50 навивачи на Фламенго, а инциденти имаше и по натпреварот.



Инаку, ова е втора титула за аргентинскиот клуб во ова натпреварување со што обезбеди учество во Копа Либертадорес.