24фудбал

Емотивна порака од Погба до малиот Јане: Ти благодарам за позитивната енергија која ми ја даваш! (ВИДЕО)

Ѕвездата на Манчестер јунајтед преку видео на својот профил му се заблагодари на малиот Јане и го покани на натпревар на Олд Трафорд.

Македонија

Малиот Јане кој е врзан во количка поради болеста спинална мускулна атрофија, доби дрес од Пол Погба.

Најскапиот фудбалер во историјата на Манчестер јунајтед преку видео на својот официјален фејсбук профил му се заблагодари на Јане Велковски за енергијата која му ја дава и го покани на Олд Трафорд.

„Здраво Јане, се надевам дека си добар. Ти благодарам за позитивната енергија која ми ја даваш и би сакал да те поканам во Манчестер на натпревар на Јунајтед, се гледаме наскоро“, рече Погба.