24фудбал

Хрватски кик-боксери го направиле инцидентот на трибината на „Гробари“?

Од „ТВ Партизан“ тврдат дека кик-боксери од Сплит биле хулиганите кои го предизвикале инцидентот на јужната трибина за време на дербито против Црвена звезда.

Останато

Вчерашните информации велеа дека се работи за тепчка на подгрупи на „Гробарите“ за превласт на навивачката трибина, но во емисијата „Партизанов весник“ на ТВ Партизан се тврди дека некој уфрлил „кик-боксери“ од Хрватска.

„Луѓето кои учествуваа во инцидентот и кои, можеме да кажеме, најлошо поминаа, се државјани на Хрватска, кои никогаш не биле на стадионот на Партизан, ниту на натпревар на Партизан. Станува збор за членови на кик-бокс клуб од Сплит, кои дошле со црно-бели обележја и во еден момент ставија фантомки на главите и со бакли почнаа да тепаа се околу себе. Еден од тие луѓе кои се појавуваат на снимките ја има истетовирано вуковарската кула“, се вели во емисијата на ТВ Партизан.

„Тие луѓе поминаа најлошо, бидејќи никогаш претходно не биле на стадионот на Партизан, па не знаеа како брзо да го напуштат. Еден од најтешко повредените се вика Анте. Во наредните денови некој треба да даде одговор кој ги изнајмил овие луѓе, а тука има и Грци и Бугари и за чиј интерес се донесени. Ова е некоја сложена приказна“.