24фудбал

Милан доминираше на теренот, Верона ја полнеше неговата мрежа од голот (ВИДЕО)

Милан не личеше на себе на гостувањето кај Верона.

Италија

Верона со 3-0 го совлада Милан пред своја публика во рамките на 17 коло во италијанската Серија А, а гостите иако имаа огромна доминација, за што говори и статистиката, на крајот не само што не постигнаа ниту еден гол, туку и примија три во својата мрежа.

Карачиоло во 24. минута ги доведе домаќините во почетно водство од 1-0, во второто полувреме Кин во 55. минута зголеми на 2-0, додека конечниот исход го постави Беса во 77. минута.


Еве нешто за статистиката од овој меч, Милан имаше 68% посед на топката, 28 удари кон противничкиот гол од кои 6 беа во рамките, 14 вон рамките на голот, домаќините со само 6 обиди и 4 во рамките на гол постигнаа 3 гола.

Инаку, Росонерите останаа со играч помалку во финишот од мечот откако директен црвен картон доби Сусо.