24фудбал

Ел Мундо тврди, Гризман е се поблиску до Барса (ФОТО)

Според каталонскиот медиум, „Ел Мундо Депортиво“, Барселона преговара со Антоан Гризман и се поизвесно е дека тој ќе се пресели на Камп Ноу следното лето.

Шпанија

Весникот тврди дека претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу имал состанок со родителите на Гризман и неговата сестра на кој разговарале за негов трансфер во летниот преоден рок.

Ако се знае дека Гризман претходно го отпушти неговиот долгогодишен менаџер кој го застапуваше од почетокот на кариерата и работите околу иднината му ги препушти на својот татко, јасно е дека Бартомеу разговарал со вистинските луѓе.

Гризман требаше да си замине и минатото лето, но во знак на благодарност кон Атлетико Мадрид се предомисли поради тоа што клубот беше казнет и не можеше да донесе негова замена.

Гризман потпиша нов договор со Атлетико Мадрид, но во тој изнуди намалување на неговата откупна клаузула од 200 на 100 милиони евра. Така што јасно е дека на клубот ќе му биде многу тешко да го задржи.

Манчестер јунајтед се уште останува опција, но се верува дека Гризман повеќе е загреан за трансфер во Барселона отколку за преселба во Премиерлигата.