24фудбал

Баерн украде уште еден германски талент, „Баварците“ ја победија конкуренцијата за потписот на Горецка

Според пишувањата на Спорт Билд, Баерн Минхен ја добил битката за услугите на суперталентираниот Леон Горецка, играчот на Шалке во јануари ќе потпише пред-договор со шампионот на Германија

Германија

22 годишниот Германец го привлече вниманието на голем број клубови откако преговороте за нов договор со Шалке влегоа во ќор-сокак. Тој е обврзан кон клубот од Гелзенкирхен до 30. јуни 2018 и веќе утре може да потпише за друг клуб и за без пари да направи трансфер по крајот на сезоната.

Барселона, Реал Мадрид, Арсенал и Ливерпул беа дел од големите имиња кои се поврзуваа со Леон Горецка, но на крајот битката ја доби Баерн Минхен.

Реномираниот Спорт Билд вечерва пренесе дека плејмејкерот донел одлука и во јануари ќе потпише пред-договор со „Баварците“ за летоска да се пресели на Алианц Арена како слободен играч.

Баерн секогаш е магнет за најдобрите германски таленти, па очигледно ниту Леон Горецка не можеше да одолее на реномето на гигантот од Минхен.