24фудбал

Нов тренер стара желба, Торино го сака Несторовски за да брка настап во Европа

Денешното издание на Тутоспорт пренесува дека трансфер плановите на Торино не се промениле со отказот на Синиша Михајловиќ, Илија Несторовски е желба на „Биковите“ и со Валтер Мацари на клупата,

Италија

Торино е во потрага на нов голгетер, а и покрај промената на тренерот, Илија Несторовски останува цел на „Биковите“.

Денешното издание на Тутоспорт вели дека Торино сака да го спои Македонецот со Андреа Белоти и да брка настап во Европа.

Весникот сепак нагласува дека една ваква зделка во јануари е речиси невозможна бидејќи Палермо во овој момент не сака да слушне за продажба на „Нестогол“.

„Сицилијанците“ сакаат експресно да се вратат во Серија А, Илија Несторовски е нивниот прв играч, па знаат дека задачата ќе им биде драстично отежната доколку капитенот замине.

Па многу поверојатно е двата клуба да постават основа за трансфер кој ќе треба да се случи по крајот на сезоната.