24фудбал

Кутињо е повреден, фановите на Барса ќе почекаат за неговото деби

Филипе Кутињо денеска ќе биде официјално презентиран како фудбалер на Барселона, но за неговиот прв натпревар ќе се почека уште некое време.

Шпанија

За сума од 160 милиони евра Барселона го донесе Кутињо од Ливерпул како огромно засилување за тимот.

Покрај трансфер информациите, каталонскиот клуб соопшти дека Кутињо има повреда на десниот бутен мускул и се очекува да биде надвор од теренот во наредните три недели.

Тоа значи дека дебито на Кутињо во дресот на Барселона најверојатно ќе се случи во февруари.