24фудбал

Официјално: Кутињо стави потпис на договорот со Барселона

Откако ги помина медицинските прегледи, Филипе Кутињо и официјално го потпиша договорот со Барселона до 2023 година, со тоа завршија сите формалности за големиот трансфер.

Шпанија

Претседателот на Барселона, Хозеп Мариа Бартомеу и Филипе Кутињо ставија потписи на договорот според кој Бразилецот ќе остане на Камп Ноу до 2023 година.

„Среќни сме што една од главните ѕвезди во денешниот фудбал пристигна во Барселона. Имаше и други заинтересирани клубови за него, но негова желба беше да дојде кај нас“, изјави Бартомеу.

Филипе Кутињо се надева дека ќе ги исполни очекувањата на навивачите на Барселона кои не се мали.

„Се надевам дека одговорот на сите очекување ќе го дадам на теренот, благодарен сум на челниците на клубот кои направија голем напор да ме донесат тука“, изјави Кутињо.

Кутињо поради повреда на бутниот мускул во наредните три недели ќе биде надвор од теренот, па неговото деби се очекува да се случи кон почетокот на февруари.

Тој нема да игра за Барселона во Лигата на шампионите оваа сезона, бидејќи веќе настапуваше за Ливерпул во истото натпреварување.