24фудбал

Ливерпул побарал од Барса да го остави Кутињо на позајмица до крајот на сезоната

Ливерпул во последните денови од преговорите на маса ставил необично барања, „Црвените“ сакале Барса да го остави Филипе Кутињо на позајмица на Енфилд до крајот на сезоната

Англија

Бразилецот денеска стави потпис на договорот со „Каталонците“ откако Ливерпул го омекна ставот од летоска и прифати понуда од 160 милиони евра (120 милини плус додатни 40 милиони во бонуси).

Според пишувањата на АС, во финишот на преговорите на маса било ставено необично барања од Ливерпул, „Црвените“ сакале Барса да го остави Филипе Кутињо на Енфилд на позајмица до крајот на сезоната.

Ливерпул има проблеми околку пронаоѓање на соодветна замена за плејмејкерот, Монако не го продава Томас Лемар, а ниту РБ Лајпциг не сака да слушне за поместување на трансферот на Наби Кеита од јули во јануари.

Ријад Марез од Лестер исто така се споменува како опција, но клубот од Енфилд во моментов е резервиран околу ангажман на Алжирецот.

Барселона не може да смета на Филипе Кутињо во Лигата на шампионите, титулата во Примера им се насмевнува, па лидерите на Ливерпул сметале дека е логично Бразилецот да остане уште шест месеци и да им помогне во битката за топ четири пласман и ЛШ.

Сепак, „Каталонците“ сакале Филипе Кутињо уште сега да се пресели на Камп Ноу и го одбиле барањето на „Црвените“.